„Воената помош за украинскиот режим е директна поддршка за терористички активности“, напиша Захарова на социјалната мрежа Телеграм.
Таа рече дека американската помош за Тајван претставува мешање во внатрешните работи на Кина, а за Израел директен пат до големо влошување на ситуацијата во регионот.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во саботата одобри пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван. Одлуката потоа треба да биде усвоена во Сенатот, горниот дом на Конгресот.
Од тој план за Украина се наменети повеќе од 60 милијарди долари.
Планот предвидува и 13 милијарди долари воена помош за Израел, историскиот сојузник на САД во војната во Појасот Газа против палестинскиот Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација.
Планирани се повеќе од девет милијарди долари за хуманитарна помош за населението во Газа и другите ранливи популации ширум светот.