понеделник, 21 октомври 2024

Москва: Германски и француски авион избркани од руската граница на Балтикот

Објавено на

часот

Сподели

Москва соопшти дека станувало збор за германски патролен авион П-3Ц и француски поморски авион „Атлантик-2“, пренесува Ројтерс.

Откако рускиот млазен ловец полетал, германскиот и францускиот авион свртеле, а сухојот Су-27 се вратил во воздухопловната база, објави руското министерство за одбрана.

Ројтерс не можел да ги потврди руските тврдења за движењата на авионите, а германското воздухопловство, француското министерство за одбрана и НАТО не одговориле на барањето за коментар.

„Две воздухопловни мети беа забележани како се приближуваат на руската државна граница“, се наведува во руското соопштение.

Се додава дека млазниот авион бил испратен кога, како што тврди Москва, било забележано дека авионите летаат кон Русија.

„За да ги идентификува метите и да спречи нарушување на руската државна граница беше испратен борбен млазен авион Су-27 од балтичката флота на военото воздухопловство“, се додава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ