среда, 22 јануари 2025

ММФ ги зголеми очекувањата за раст на македонската економија, истакнува Министерството за финансии

Меѓународниот монетарен фонд ги подобри очекувањата за растот на македонската економија со есенските проекции. Во Светскиот економски преглед, кој Фондот го објави вчера, растот на домашната економија за 2023 година е проектиран на 2,5% или за 1,1 процентен поен повисоко во однос на проекциите на ММФ од април годинава. Во однос на стапката на инфлација, ММФ очекува истата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека во 2025 година истата би се вратила на историски ниските вредности од околу 2% и би се задржала на тоа ниво следните години, наведува Министерството за финансии.

Објавено на

часот

Сподели

„Проекцијата на ММФ за раст на македонската економија е блиска до проекцијата при подготовката на нацрт-Буџетот за 2023 година. Интересно е дека ММФ ги подобрува значајно изгледите за домашната економија за годинава, истовремено кога минимално ги намалува проекциите на нашите најголеми трговски партнери – евро зоната и Германија на 0,7% и -0,5% во 2023 година, што укажува на поголема отпорност и подобри перформанси на економијата, имајќи го предвид неповолното влијание од окружувањето.

Очекувањата за растот во регионот во најголем дел се блиску до очекувањата за домашната економија (Бугарија 1,7%, БиХ, Србија и Словенија 2%, Грција 2,5% и Хрватска 2,7%), додека малку повисок раст се очекува во Албанија, Косово и Црна Гора (3,6%, 3,8% и 4,5%, респективно). На среден рок ММФ очекува забрзување на растот на домашната економија на стапки од 3,5%, намалување на долгот на општата Влада и стапката на невработеност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ