ММДЧП и МАЕИ ја повикуваат македонската заедница ширум светот да се обедини во одбрана на македонското малцинство во Албанија и на заедничката македонска кауза така што ќе донираат тука: https://mhrmi.org/donations.
„Организацијата која што ја тужи МАЕИ е таканаречената фондација ‘Бугарска меморија’, која изгради криминална структура со цел присилино да ги асимилира Македонците во Албанија, да ги фалсификува резултатите од пописот, да учествува во нелегални активности во врска со бугарските пасоши и да издава лажни потврди за бугарско потекло.
МАЕИ повеќе пати од албанските власти побара да се забранат нелегалните активности на фондацијата ‘Бугарска меморија’ и нејзините напади врз македонските права, и токму тоа е причината зошто се најдоа предмет на тужба.
Бугарската Влада во целост ги насочува и финансира овие напади, додека македонските влади само стојат и гледаат“, соопшти Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.