понеделник, 16 декември 2024

Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Кавадарци е втора општина според БДП што ја полни државната каса

Во третата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Митко Јанчев,  сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ и градоначалник на Општина Кавадарци. Според градоначалникот Митко Јанчев, за успех на една општина нејзината достапност и отвореност спрема бизнисот се важни за развој на бизнисот.

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалникот мора да се стави во функција на граѓаните и на бизнисот, кој ја поддржува општината со плаќање даноци и преку донации за реализација на активности во делот на инфраструктурата, здравството и на јавниот живот. Кавадарци, во чиј регион се наоѓаат најголемите компании, е најиндустрискиот град во државата и втора општина според БДП која ја полни државната каса“, истакнува градоначалникот Јанчев.

Според бизнисменот Јанчев, фокусот на државата треба да биде на подигнување на економијата, но без Комората и без бизнисот нема развој на економијата и движење на државата напред.

„Бизнис-секторот треба да биде поблиску до државата, до општините и до  работниците за да има една целина и за државата да се движи кон успех“, изјави  Јанчев.

„Фирмата создава профит, Комората логистички ја помага за да има профит, а државата живее од тој профит зашто компанијата редовно ги плаќа даноците“, потенцираше Јанчев.

Во разговорот со претседателот Азески, осврнувајќи се на изјавата што ја дал претседателот Азески на еден од состаноците на УО на Комората дека „не е добра онаа компанија која прави најголем профит, туку добра компанија е онаа која долго време опстојува на пазарот“, бизнисменот Јанчев го искажа својот став дека профитот што го остварува компанијата мора да се реинвестира.

„Профитот што го прават компаниите не се пари на сопствениците, туку на компанијата. Ако компанијата не го реинвестира профитот и не вложува во иновативни методи, модернизација на процесите, намалување на трошоците, како и во кадарот, набрзо ќе пропадне“, истакна м-р Јанчев.

Според Јанчев, по одржливоста на компанијата „Кожувчанка“, која е прва со 24 % учество од вкупниот удел на пазарот за пијалаци, следна цел на компанијата е извоз и конкурентност надвор од Македонија, со минимум загуби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ