Како што соопшти Министерството за одбрана, на состанокот предводен од секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, на кој учествуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, генералниот секретар на НАТО Марк Руте како и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, фокус беше поддршката на Украина.
„Од започнувањето на агресијата врз Украина, македонската Влада досега има донесено 15 одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на украинскиот народ и на Украина како земја која ја брани својата независност и територијален суверенитет и во континуитет се залага за почитување на меѓународното право и правен поредок“, стои во соопштението.
Мисајловски утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана и состанокот на Советот НАТО- Украина.