вторник, 11 март 2025

Миовски одигра уште еден меч без да постигне гол за Жирона

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски беше стартер за Жирона на гостувањето кај Еспањол, но и овој меч го заврши без да постигне погодок.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски го почна мечот, играше до 69. минута. Македонецот немаше посериозна шанса за гол.

Еспањол поведе со гол на Џофри по четири минути игра во второто полувреме, а изедначи Стуани со погодок во 88. минута од пенал.

Бојан Миовски досега има само два гола во Ла Лига и тоа постигнати на еден натпревар. Македонскиот напаѓач во наредните кола ќе се обиде да им докаже на челниците на Жирона дека не погрешија што го ангажираа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ