понеделник, 21 октомври 2024

Министрите за надворешни работи на Г7: Остануваме обединети во цврстата поддршка на Украина

Министрите за надворешни работи на Г7 соопштија во Токио дека „ќе останат обединети“ во „цврстата поддршка“ на Украина наспроти руската инвазија „дури и во сегашната меѓународна ситуација“, во осврт на војната на Израел и палестински Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Тие ја потврдија желбата да продолжат заедно да ѝ наметнуваат остри санкции на Москва, да ги забрзаат напорите за реконструкција на Украина краткорочно и долгорочно, како и да работат на процесот за мир со другите меѓународни партнери, се наведува во соопштението на јапонското министерство за надворешни работи.

Украина сè повеќе стравува од замор во поддршката во време кога нејзината контраофанзива почната во јуни не дава резултати и расте веројатноста дека војната долго ќе трае.

Важно е Г7, во која членуваат најбогатите западни економии, јасно да каже дека меѓународната заедница се обврза да ја поддржи Украина и дека „никогаш нема да се замори“, дури и по избивањето на конфликтот на Блискиот Исток, кажа јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава.

Шефовите на дипломатиите на водечките западни земји „остро го осудија“ префрлањето севернокорејско оружје во Русија, оценувајќи дека тоа директно крши резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Земјите од Г7 (САД, Јапонија, Франција, Британија, Германија, Италија и Канада) се обидуваат да постигнат консензус околу повиците на хуманитарни прекини во Газа, каде еден месец се води конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Според еден дипломатски извор имало „конструктивна дебата“ по тоа прашање, и додал дека постои „големо единство“ околу потребата итно да се засили хуманитарната помош за Појасот Газа.

Во одмаздата на Израел во Газа за нападот на Хамас пред еден месец досега се убиени над 10.000 луѓе, меѓу кои голем број цивили, според министерството за здравство на палестинските власти.

И покрај повиците од ОН и бројни невладини организации израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби каков било прекин на огнот во Газа додека Хамас не ги ослободи заложниците кои ги држи од 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ