понеделник, 21 октомври 2024

Министерство на Хамас: 15 загинати во израелски напад врз амбулантно возило, 60 ранети

Во израелскиот воздушен напад врз амбулантни возила што се користеа за евакуација на ранетите од опколениот северен дел на Газа загинаа 15 лица, 60 се ранети, соопшти Министерството за здравство на енклавата контролирана од Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичка ќелија на Хамас“. Таа тврдеше дека во нападот биле убиени борци на Хамас и ја обвини групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила.

Официјалниот претставник на Хамас, Изат Ел Решик, изјави дека наводите за присуството на неговите борци се „неосновани“. Ашраф ал-Кидра, портпаролот на Министерството за здравство на Газа, изјави дека амбулантното возило било дел од конвојот кој бил цел на Израел во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа.

Кидра рече дека Израел целеле кон конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи ги портите на болницата Ал Шифа и плоштадот Ансар одалечен еден километар. Во соопштението за инцидентот, израелската војска не даде никакви докази за да го поддржи тврдењето дека брзата помош е поврзана со Хамас, но рече дека има намера да објави повеќе информации.

„Потенцираме дека оваа област е борбена зона. Цивилите во областа постојано се повикуваат да се евакуираат на југ заради сопствена безбедност“, соопшти војската. Ројтерс не можеше независно да ги потврди наводите на ниту една од страните.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во објава на социјалните мрежи рече дека е „целосно шокиран од извештаите за напади врз амбулантни возила кои ги евакуираат пациентите“, додавајќи дека пациентите, здравствените работници и медицинските установи мора да бидат заштитени.

Претходно вчера беше најавено дека амбулантни возила ќе ги префрлат тешко повредените Палестинци кои итно треба да бидат однесени на лекување во Египет од опколениот град Газа на југ од енклавата.

Израел, кој го обвини Хамас дека ги крие командните центри и влезовите во тунелите во болницата Ал Шифа, им нареди на сите цивили да го напуштат северниот дел на Газа во октомври, а неговата војска ја опколи областа во четвртокот.

И покрај наредбата цивилите да ги напуштат северните области на Газа, израелската војска продолжи да го бомбардира јужниот дел на Појасот Газа. Хамас и раководството на болницата Ал Шифа негираа дека објектот се користи како база за милитантите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ