понеделник, 21 октомври 2024

Министерот Николоски сака да го врати градскиот воз во Скопје и да изгради пружен прстен

Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен градски воз во рамки на градот Скопје. Постојната железничка инфраструктура во градот е релативно добра и ќе овозможи да се искористи и граѓаните за точно определено време да може да стигнуваат, на пример, од Драчево до Скопје. Тоа може да почне уште од следната сезона и може да се направи цел железнички прстен околу Скопје, особено со населбите од кои луѓето имаат сега сериозен проблем да дојдат до центарот на градот. Ова вечерва го изјави новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

Николоски во интевју за ТВ Сител изјави дека размислува дека може да се искористат за таа намена возовите кои се купија од Кина на крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, во Скопје пред неколку децении, односно во минатиот век, возот се користеше за патувања низ градот, од Драчево до Ѓорче Петров, пругата минуваше низ самиот центар на градот, како и до станици во сегашните општини Бутел и Гази Баба. Голем број граѓани така патуваа на работа или на училиште во за нив одалечени населби.

Министерот Николоски се осврна и за изградбата на пругата од Куманово до Деве Баир и рече дека веднаш може да гарантира дека ќе се реализираат првите две фази, кои се работат, а за третата за која се предвидени грантови и кредити, потенцира, не е ни почната постапката. Затоа за таа фаза поконкретно ќе може да каже конкретен рок за месец или два.

За рокот за изградба на автопатот од Кичево до Охрид вели дека засега останува на тој што е даден во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, односно до крајот на 2026 година иако, како што кажа, ќе направи што е можно за да се реализира побрзо. Ќе го чека назначувањето на новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта за, како што вели, да може да каже нешто поконкретно.

За изградбата на овој автопат, додаде, има проблем со несериозниот однос со изведувачите, експропријација и свлечиштата, односно т.н. косини. Сите проблеми, додаде, се решливи.

За договорот со Бехтел и Енка, пак, посочи дека, ќе се разгледаат сите можности македонските граѓани да добијат што е можно повеќе километри автопат и експресни патишта за договорената рамка на средства од 1,3 милијарди евра. Според него, недомаќински е да се раскине договор за кој веќе се исплатени нешто помалку од 250 милиони евра, зашто тоа би значело откажување од тие средства, плус би следеле и возможни арбитражни постапки.

И кај овој проект, како што нагласи, еден од проблемите е експропријацијата за која рече дека најверојатно ќе треба да се направат некои законски измени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ