„Многу сум вознемирана поради пожарот, затоа сум тука.. Повикувам на брзо постапување од страна на сите институции како и од фирмата која ја реконструира Универзална сала за да се дознае кои беа причините за пожарот.
Нема жртви ниту повредени лица, објектот беше празен. Направена е материјална штета, но најпрво ќе треба да се утврдат размерите на штетата пред да се отпочне со нова реконструкција. Униеверзална сала е осигурана и од осигурувањето ќе се наплатат средствата за да може да се санира штетата и повторно да се отпочне со реконструкцијата“, рече министерката.
На прашањата за материјалот со кој се реконструира салата и дали тој е опасен во случај на пожар, министерката рече дека нема такви информации и дека не сака да се шират претпоставки од различен тип во јавноста,
„Тука се присутни и инвеститорот и лица од надзорот, тие секако би можеле повеќе да кажат за тоа во каква состојба е челичната реконструкција, но и да можеме да кажеме која беше причината за пожарот“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Минисерката најави нова изјава кога ќе добие повеќе информации за причините за пожарот, како и за причинетата штета и за состојбата на објектот по пожарот.
Таа нагласи и дека ќе информира за целиот четиригодишен процес на разговори со околу преземањето на објектот за реконструкција од Град Скопје.
Како што е познато, реконструкцијата со одлука на Владата од Град Скопје ја презеде Министерството за култура, откако беше сооппштено дека градот нема пари за да го реконструира објектот.