среда, 5 февруари 2025

Милошоски и Меџити, учесници на дебата во Конгресот на САД

Потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, како и вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити денеска имале обраќање на дебата во Конгресот на САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Ми беше чест да се обратам во името на Македонија на дебатата во американскиот Конгрес на тема – Важноста на трансатланската соработка за безбедноста во Европа.

Организатори на настанот беа конгресмените Пит Сешнс и Боб Адерхолт, а свои обраќања имаа и колеги пратеници од Италија, Литванија, Австрија, Словачка, Украина, Албанија, Полска, Германија и други држави.

На настанот се обрати и министерот за животна средина Изет Меџити, а присуствуваа и пратеникот Благој Бочварски, како и министерот за здравство Таравари“, објави на својот Фејсбук- профил, Антонио Милошоски.

Првиот заменик-претседател на Владата на  Македонија, Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, претходно оствари средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и на Претставничкиот дом на САД, информираа од неговата партија, Демократско движење. Исто така, Меџити остварил средба и со републиканскиот конгресмен од Алабама, Роберт Адерхолт

На средбите се дискутирало за билатералните односи меѓу Македонија и САД, со особен  фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката во области од заемен интерес, со посебен акцент на зајакнувањето на стратешката соработка меѓу двете земји.

.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ