сабота, 19 октомври 2024

Милан Радоичиќ ослободен од притвор

Милан Радоичиќ, осомничен за организирање на најновиот оружен судир на Косово, е пуштен од притвор. Радоичиќ беше вчера испрашан во Белград поради сомнеж дека извршил кривично дело здружување за извршување кривични дела, недозволено производство, поседување, носење и промет на огнено оружје и експлозивни материјали, како и тешки дела против општата безбедност. Тој на сослушувањето ги негирал кривичните дела за кои е осомничен.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е осомничен дека од јануари оваа година до 24 септември од Тузла набавувал оружје, муниција и експлозивни средства. Му биле испорачувани во околината на Белград, и потоа оружјето го пренесувал и складирал на неутврдени локации на Косово.

Оружјето, муницијата и експлозивот наводно ги криел во напуштени објекти и шуми и како лидер на група со повеќе непознати лица на 24 септември предизвикал опасност за животот на луѓето во местото Бањска на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ