среда, 23 октомври 2024

Милан ја победи Фиорентина, малиот Камарда испиша историја во Серија А (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Милан некако успеа да ги освои трите бода, Фиорентина може да жали што си оди дома со пораз.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат во судиското продолжение од натпреварот кога Тео Ернандез беше фаулиран во шеснасетникот на Фиорентина. Милан доби пенал, Ернандез го изведе ударот од белата точка и погоди за водство од 1-0.

Во второто полувреме Фиорентина врешеше опсада пред голот на Милан кој се определи да го брани водството и беше комплетно фокусиран на одбраната.

Виолетовите имаа 19 шутеви, 11 корнери, но не дадоа гол. Во судиското продолжение Мањан имаше една неверојатна одбрана со глава.

Во 83. минута од мечот се случи историја во Серија А. На местото од Лука Јовиќ во игра влезе Франческо Камарда, со 15 години, осум месеци и 15 дена тој е најмладиот фудбалер кој дебитирал во италијанското првенство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ