Натпреварот почна лошо за Милан, поранешниот фудбалер на Интер, Шкрињар постигна гол уште во деветата минута, ПСЖ поведе со 1-0.
Но, росонерите брзо се вратија, само три минути подоцна Леао со ножички даде гол за израмнување на 1-1.
По пет минути игра во вториот дел Жиру постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.
Со овој триумф Милан е трет со пет бода, пред Њукасл кој има четири, а зад Дортмунд со седум и ПСЖ со шест бода.
Манчестер Сити со 3-0 го совлада Јанг Бојс и со 12 бодови од четири меча веќе се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Халанд даде два гола на овој меч, Фоден погоди еднаш.
Атлетико Мадрид немаше милост за Селтик, го совлада со 6-0. Мората и Гризман дадоа по два гола, по еднаш погодија Лино и Нигез.
Во Белград, Лајпциг со 2-1 ја победи Црвена звезда. Симонс и Опенда стрелаа за германскиот тим, погодокот за црвено-белите беше автогол на Хенрих.
Лацио со гол на Имобиле го совлада Феенорд со 1-0. Порто со погодоци на Еванилсон и Пепе го победи Антверпен со 2-0.