среда, 23 октомври 2024

Мицкоски не отстапува од предвремени избори, Џафери чека предлог до Собранието

Објавено на

часот

Сподели

„Она што е важно да се заклучи од изјавата на Талат Џафери е дека немаа 80 пратеници, односно немаат две третини во македонскиот Парламент, кој ќе поддржи бугарски диктат. И тоа ние го зборуваме повеќе од една година. Наместо да го распуштат Парламентот, наместо сите 120 пратеника да гласаат за распуштање и да организираме предвремени парламентарни избори оваа есен, тие ја продолжуваат агонијата кај граѓаните во Македонија. Зошто? Затоа што неколкумина во раководството на СДСМ и на ДУИ исплашени дека со новата политичка реалност ќе ги изгубат своите позиции на политичката сцена, а дел од нив и внатре во партијата, како и привилегиите и можноста да го крадат народот преку наместени тендери, од петни жили грчевито се борат да нема предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку опозицијата сака избори, тогаш треба да поднесе предлог до Собранието. Седницата, вели, Џафери, ќе ја свика веднаш.

„Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог и истиот ден ќе ја свикам седницата, нема да ве спречувам во тоа. Волјата на пратениците, јас нема да ја попречам, ама не може да биде одлука на партиски орган дека сака избори. Таа партиска одлука треба да се преточи во постапка во Собранието од надлежни подносители на иницијативата“, истакна Џафери денеска на гостување во емисија на ТВ21.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ