Потсетувајќи на актуелните општествено-политички состојби во земјава, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е против градење на новите патни коридори, но е против крадење.
„Македонската дипломатија не постои и се сведува на трка на поединци со желба за амбасадори каде поважно е чија суета ќе се погали, наместо некој државен проблем да се реши. Таму во МНР се прават лични аранжмани, но не и дипломатија. Затоа се и поразите и срамовите“, изјави Мицкоски.
Тој повтори дека нема да гласаат за уставни измени во актуелниот собраниски состав.
„Треба да знаат дека попуштање нема да има ниту милиметар од страна на ВМРО-ДПМНЕ и дека уставните измени нема да им поминат, нема да има уставни измени под бугарски диктат и во овој состав на Парламентот. Ќе конструираат судски пресуди и судски случаи против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и против ВМРО-ДПМНЕ затоа што знаат дека тоа е бедемот. Затоа што знаат дека тоа е браникот на македонскиот национален интерес јас можам од овде од Битола да им порачам тој е толку цврст што ќе ве надживее вас ќе ве порази“, посочи Мицкоски.