сабота, 14 декември 2024

Мицотакис: Грција се соочува со сериозни демографски проблеми

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција се соочува со сериозни демографски проблеми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна, напуштените градови и села низ државата укажуваат на поширок проблем со намалувањето на населението.

Мицотакис предупреди дека ова прашање е клучен предизвик за земјата, објави Катимерини.

„Грчката влада презема мерки за да ги запре овие негативни демографски трендови додека во исто време се обидува да ја обнови економијата по финансиската криза“, рече грчкиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ