вторник, 22 октомври 2024

Мицотакис: Грција се соочува со опасно лето поради пожари, суша и ветрови

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на состанок со својот кабинет предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите за одличната работа во последните неколку дена, но и да го свртам вниманието на сите на летото за кое се предвидува да биде особено опасно“, рече Мицотакис, пренесува порталот Катимерини.

Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го поврзуваат со ефектите од климатските промени ја зголеми нивната зачестеност и интензитет. Само овој викенд, десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два во близина на главниот град Атина.

Мицотакис рече дека во двата пожари изгореле околу 100.000 квадратни метри земјиште и оти штетата била ограничена поради брзата реакција на државните служби за вонредни состојби. Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше повеќе припадници на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на професионална обука.

„Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ