петок, 21 февруари 2025

Мицкоски во Вашингтон: Остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. „На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање и на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

Мицкоски на Фејсбук објави видео од организаторот на конференцијата со кое се најавува неговото обраќање.

На тридневниот состанок на конзервативците ќе се обратат американскиот претседател Доналд Трамп и политичари од Аргентина, Велика Британија, Полска и Италија.

Mицкоски објави дека денеска остварил средба и со Фредерик Кемпе во Вашингтон, претседател и извршен директор на Атлантскиот совет. „Разговаравме за актуелните геополитички предизвици, улогата на Македонија во евроатлантските интеграции и можностите за продлабочување на соработката во иднина. Средбата претставуваше одлична можност за размена на ставови и идеи со еден од водечките експерти за меѓународни односи“, напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ