Се работи за годишна политичка конференција на конзервативните активисти и функционери републиканци од САД и гости од странство.
„Премиерот е поканет како претседател на Владата. Очекуваме да има дополнителни билатерални средби во рамки на присуството во Вашингтон, за што јавноста ќе биде информирана“, изјави портпаролката на владата, Марија Митева.
Според агендата на настанот објавена на веб-страницата за собирот во Вашингтон, како дел од бројните говорници се најавуваат Роберт Фицо, кој е актуелен премиер на Словачка, Лиз Трас која е поранешна премиерка на Велика Британија, Најџел Фараж, човекот кој ја водеше кампањата за Британија да излезе од ЕУ, Матеуш Моравјецки, поранешен премиер на Полска, како и Џордан Бардела кој ја предводи десницата во Франција, заедно со Ле Пен.