петок, 22 ноември 2024

Мицкоски во Белград на саемот „Винска визија на Отвoрен Балкан“

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски денеска и утре ќе биде во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски ќе има средба со претседателот и премиерот на Република Србија Александар Вучиќ и Милош Вучевиќ.

По повод третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград ќе престојува и македонска делегација во состав на Љупчо Димовски заменик претседател на Владата за политички систем,
Иван Стоилковиќ, заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија,
Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев министер за јавна администрација и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово.

На отворањето на саемот пред присутните ќе се обрати и претседателот на Владата на Македонија Христијан  Мицкоски.

Вечерта во хотелот Хајат ќе се одржи македонска вечер каде што ќе се обрати Мицкоски и амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ