четврток, 6 февруари 2025

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот, напиша утрово премиерот Христијан Мицкоски и најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.

Објавено на

часот

Сподели

„Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“,  напиша Мицкоски на фејсбук.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ