“Ова историски е досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ, кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и можат да ги користат овие пари преку давање на суперниска каматна стапка за денешните пазарни услови“, објави Мицкоски.
Тој истакна дека овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие средства ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии. кое воспоставувина кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва ѝ одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250 милиони евра.
„Развојната банка ќе ги стави на располагање на банките-учеснички преку Рамковен договор за учество со намена – финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар. Максималниот рок е оној којшто го зборувавме – до 15 години со вклучен грејс-период до 3 години за банките- учеснички. Краен датум е 15 години од датумот на потпишување на договорот за задолжување. Банките ќе ги одобруваат кредитите на крајни корисници при што средствата може да се користат за инвестиции во основни средства. Крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20% од вредноста на инвестицијата.
Каматна стапка на годишно ниво си останува 1,95%, она што веќе ѝ е познато на македонската јавност, без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност“, истакна премиерот Мицкоски.
Меѓу другото, премиерот истакна дека очекувам значително влијание за стопанството од овие средства и пари кои доаѓаат во време на криза, предизвици и отежнати глобални услови за домашните компании.
„Овие 250 милиони евра ќе ги зајакнат компаниите, а крајниот бенефит ќе го имаат граѓаните преку засилен стандард и подобра куповна моќ. Ова ќе обезбеди нови вработувања и сигурна работа за многу компании и неколку илјади нови работни места очекуваме“, порача Мицкоски.