среда, 23 октомври 2024

Mицкоски: Сите документи за патувањето на мојот син во Вашингтон денеска ќе бидат предадени на ДКСК

Има институција која го истражува целиот случај, а тоа е Државната комисија за спречување на корупцијата. Сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден. Ако има и еден милиметар отстапување, јас сум подготвен да понесам одговорност. Но, ако не е така, а ДКСК е релевантна институција, не можеме ние политичарите да судиме и да пресудуваме, тогаш треба да ми се извинат, изјави вчера македонскиот премиер Христијан Мицкоски за ТВ Телма, а во врска со обвинувањата на опозицијата дека неговиот син бил дел од македонската делегација на самитот на НАТО во Вашинготн и дека патувал на државен трошок.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски потсети дека во поканата за самитот на НАТО стоело „придружник“, и оти имал можност тоа да не го плати од сопствен џеб, но вели, инсистирал да го плати со сопствени средства и оти сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган.

На прашањето зошто летал со бизнис класа до Вашингтон, Мицкоски вели дека повеќе би сакал Македонија да има пристојно летало, за воопшто да не мора да ги користат тие услуги.

„Во Вашингтон бев три дена на пат, и постоеше можност да не се вратам поради интернет проблемот кој откажа над 1.000 лета во Европа“, кажа Мицкоски, појаснувајќи дека од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена, летал со бизнис класа поради здравствен проблеми со колената, додека од Скопје до Виена и обратно летал со економска класа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ