недела, 14 јули 2024

Мицкоски се кити со туѓи пердуви, вели Битиќи за најавата на премиерот за нова инвестиција

Премиерот се кити со туѓи пердувим, со инвестиција која ја одработи мојот кабинет, реагира поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи на денешната најава на претседателот на Владата Христијан Мицкоски за германско-белгиска инвестиција вредна 20 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, да, има разлика! Некој се кити со туѓи перја и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период. Работа, а не ПР е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува“, напиша Битиќи.

Тој посочи дека заедно со Епсотех (EPSOTECH) има уште шест други инвестиции за кои се изработени договорите за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста кои од принципиелни причини и изборниот процес не биле обзнанени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ