понеделник, 21 октомври 2024
Европски самит во Салцбург

Мицкоски: Посветеноста кон ЕУ ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите на Европската Унија изјави иднината на Македонија е во Европската Унија и на тој пат државата направи бројни отстапки и чекори кои ја докажуваат нејзината посветеност кон европската иднина.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„Она што недостасува е волја проследена со дела, регионот вистински да премине од европската чекалница кон реализација на европската иднина. Иднината на регионот е во економска и политичка преобразба и меѓусебно поврзување. Се бориме македонските компании да излезат надвор од границите, да го помогнеме извозот и да привлечеме странски капитал. Досега во овој кус период покажуваме резултати, а заедно ќе направиме многу повеќе“, рекол Мицкоски во своето излагање на Европскиот самит.

Тој синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на Институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.

„На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред“, напиша Мицкоски на својот официјален фејсбук профил.

Утре тој ќе има средба со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ