Мицкоски на својот фејсбук-профил соопшти дека на средбата изразил искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БиХ.
„Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди. Солидарноста е важна работа!,“ напиша Мицкоски на Фејсбук.