вторник, 22 октомври 2024

Мицкоски: Ќе ја вратиме одлуката на претходната влада за поскапување на струјата

Сакам да ги уверам граѓаните дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати цената на струјата со тенденција да ја намали кога ќе почне новиот период на регулирање на цената, а тоа е од први јануари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

 

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека нема да има поскапување на електричната енергија за крајните корисници.
Според Мицкоски друг проблем е што цената на дистрибуцијата, тоа е нисконапонското ниво на кое исто така е ЕВН сопственик и цената на преносот на државната компанија МЕПСО, се нивелираат еднаш годишно. Тој вети дека при следното нивелирање на први јануари, цената на струјата ќе биде вратена со тенденција да ја намалиме.

Мицкоски во интервју за ТВ Сител ја повтори информацијата за голема странска инвестиција во делот на енергетиката.

„Таа би требало да се случи уште во првите два три работни дена на новата влада, со што Македонија ќе биде енергетски независна. Зборувам во нето, ќе име периоди од годината кога ќе се увезува, периоди кога ќе извезува, но генерално тоа што го произведува тоа и ќе го троши. Зборувам како бројка, ако седум терават саати произведува, седум терават саати ќе ги троши. Можеби во одредени периоди во зима ќе увезува, а во одредени периоди во лето ќе извезува, но генерално ќе бидеме избалансирани, што за прв пат ќе ни се случи после раните деведесети години од минатиот век“, изјави Мицкоски. Тоа е огромна инвестиција во обновливата енергија, 400- 450 милиони евра, нешто што се нема случено во регионот и тоа претставува мој личен приоритет, час поскоро таа инвестиција да се заврши. Тоа само ќе покаже кои се вистинските намери  на оваа влада и јас тука немам никаква дилема дека во тој дух ќе продолжиме“.

Тој најави дека во првите 100 дена од новата влада ќе има две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции.

„Две постојни инвестиции во првите сто дена ќе го прошират својот производствен капацитет. И конечно милијардата која веќе ја најавив, тоа е влада со влада кредит, што ќе значи голема ликвидност за буџетот и пари кои што ќе бидат наменети за капитални инвестиции“, кажа Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ