„Тој е поканет во својство на премиер. Очекуваме да оствари дополнителни билатерални средби во рамки на неговото присуство во Вашингтон, па јавноста ќе биде информирана во наредните денови“, изјави портпаролката Марија Митева.
Мицкоски на својот профил на Фејсбук ја објави видео-најавата за настанот.
Меѓу говорниците ќе бидат Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии и словачкиот премиер Роберт Фицо.