петок, 21 февруари 2025

Мицкоски ја поздрави донацијата од 350 уреди за прочистување на воздухот

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од еден милион евра, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Икс.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории, во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење.

Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.

Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи.

Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество“, вели премиерот во својата објава.

За денеска е најавено потпишувањето на договор на Владата со ЕКОТИП Македонија за донација на 305 уреди за прочистување за чист воздух.

Компанијата ЕКОТИП Македонија во соработка со MANN+HUMMEL обезбеди значајна донација од напредни системи од реномираниот германски производител Mann+Hummel за прочистување на воздухот во вредност од 1.000.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ