петок, 21 февруари 2025

Мета планира да изгради подводен кабел околу целата планета

Проектот Вотерворт вклучува изградба и поставување на масивен подводен кабел долг 50.000 километри што ќе ја опфати целата планета и ќе поврзува пет континенти.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Гигантот Мета – кој ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – сака да го прошири своето присуство во областа на технологијата надвор од социјалните мрежи, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција, како и потребната инфраструктура што ќе може да го поддржи, пренесува РТС.

Новиот проект за подморски кабли ќе обезбеди исклучителна поврзаност на пет големи континенти и ќе им помогне на идните планови на Мета во областа на вештачката интелигенција.

„Проектот ќе овозможи подобра економска соработка, ќе обезбеди дигитално вклучување и ќе отвори можности за технолошки развој во овие области“, наведува Мета.

Кабелот ќе биде најдолгиот кабел досега направен, со структура од 24 пара влакна, што му овозможува да има поголем капацитет.

Подводните кабли станаа исклучително важни во изминатите децении бидејќи овозможуваат функционирање на бројни дигитални услуги и брз пренос на огромни количини на податоци.

Доволно е да се каже дека повеќе од 95 отсто од интернет сообраќајот во светот се пренесува преку подводни кабли.

Телекомуникациската компанија Телеџиографи наведува дека во моментов во светот се користат околу 600 подводни кабли.

Еден од нив е кабелот 2Африк кој го финансираа Мета и мобилните оператори Оринџ, Водафон и Чајна мобиле, долг 45.000 километри и поврзува три континенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ