понеделник, 21 октомври 2024

Меси и Алварез ја однесоа Аргентина во финале (ВИДЕО)

Аргентина со 2-0 ја победи Канада и се пласираше во финалето на Копа Америка, Алварез и Меси беа стрелци на головите.

Објавено на

часот

Сподели

Аргентина ја оправда улогата на фаворит и дојде до триумф против Канада. Аргентинците создадоа многу повеќе шанси, од кои две искористија и ја остварија целта.

Резултатот го отвори Алварез со гол во 22. минута од натпреварот. 1-0 беше резултатот по првото полувреме.

По само шест минути игра во вториот дел, Лео Меси постигна гол за 2-0, што беше и кончен резултат на мечот.

Аргентина во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ