сабота, 26 октомври 2024
Дуелот на лутите ривали донесе голема тензија

Меси го зграпчи Родриго за врат и му порача: Ние сме Светски шампиони, внимавај што зборуваш! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина на „Маракана“ донесе многу немили сцени и инциденти на трибините.

Почетокот на мечот беше одложен откако Лео Меси им нареди на своите соиграчи да се повлечат во соблекувалната откако полицијата удри по гостинските навивачи.

Кога „Гаучосите“ повторно истрчаа на теренот, Родриго имаше нешто да му каже на Де Паул, а во разговорот се вмеша и Лео Меси, кој во еден момент го зграпчи за врат играчот на Реал Мадрид.

ТиК Спортс објави дека Родриго им рекол на Аргентинците дека се кукавици поради тоа што се заканувале дека нема да се одигра натпреварот.

На ова, Лео Меси одговорил: „Не сме кукавици, ние сме Светски шампиони! Внимавај што зборуваш“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ