среда, 5 февруари 2025

Меси e прогласен за најдобар во МЛС

Главната ѕвезда на Интер Мајами, Лионел Меси ја доби наградата МВП за најкорисен играч во МЛС лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Меси во изминатата сезона имаше 22 настапи на кои постигна 21 гол. Заврши како втор стрелец веднаш зад Кристијан Бентеке кој постигна два гола повеќе. Покрај 21 гол, Меси има и 11 асистенции со што учествувал во вкупно 32 гола на својот тим.

Повеќе од него за својот тим придонел само Габриел Пецо кој учествувал во 34 погодоци вклучувајќи го и плеј-офот. Гледајќи го само регуларниот дел Меси учествувал во 30 погодоци, додека Пец така е зад него со 28.

Интер Мајами беше прв во регуларниот тек од сезоната, но потоа загуби уште во првара рунда од плеј-офот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ