петок, 28 февруари 2025

Мешовит парламентарен комитет: ЕУ побара акциите да бидат погласни од зборовите

Европските вредноси и принципи се клучни. Тоа е нешто што особено сакам денеска да го подвлечам, особено во контекст на гласањето во ОН и резолуциите во ОН што предизвикаа реакции на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ тука. Акциите се погласни од зборовите“, рече полскиот амбасадор Мариуш Бримора на денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитетет Македонија – ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Ова меѓу македонските пратеници беше протолкувано како предупредување од ЕУ до Македонија за нејзиното гласање како воздржана за резолуцијата на ЕУ во ОН за мир во Украина, во која се осуди руската агресија врз Украина. Полска е земја претседавач со ЕУ.

Амбасадорот Бримора зборуваше за неопходноста на проширувањето во новите геополитички состојби, за делењето на заедничка иднина и соочувањето со итните предизвици кои можат само заеднички да се надминат.

На состанокот зборуваше и евроамбасадорот Михалис Рокас кој потсети на почитувањето на европските принципи.

„Важно е Северна Македонија да ги задржи основните вредности и принципи на ЕУ и активно тоа да го покажува во мултилатералните форуми, вклучително и во рамките на ОН. Со тоа ќе се потврди геостратешката потврда и заложба кон европскиот пат, а е и во согласност со членстовото во НАТО“, рече Рокас.

Тој постети на обврската на Македонија за уставните измени. Копретседавачот со Мешовитиот парламентарен комитете од Европскиот парламент, Карло Реслер се наврати и на добрососедските односи и дијалогот како клучен дел од процесот на пристапување.

„Ќе нагласам колку е важен дијалотот на сите нивоа, тоа го правиме и преку состанокот денес, на ниво на политички партии, но и меѓу различни етнички заедници во земјава, со соседите и европските партнери, особено за теми на заеднички интерес кои ја дефинираат нашата заедничка европска иднина“, рече Реслер.

Според министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцински одговори дека добрососедските односи не се одговорност само на една страна и дека билатералните прашања не смееат да бидат инструмент за диктирање на процесот и блокада на соседите. Тој побара и поголема решителност од Унијата во проширувањето во време на предизвици.

„ЕУ мора да одговори престорувајќи го предизвикот во можност со преземање решителни чекори и поставување извесна временска рамка. Неодлучноста носи ризици. ЕУ мора да остане доследна на своите ветувања дека Западниот Балкан е дел од нејзината индина“, рече Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ