Тој во седиштето на партијата по објавените прелиминарни резултати, според кои коалицијата ЦДУ/ЦСУ освоила 29 отсто од гласовите, рече дека е свесен за одговорноста и за нивото на задачите што му претстојат и додаде дека кампањата била многу тешка и оти во неа се допираат прашањата за економската политика, миграцијата, надворешната и безбедносната политика.
Како што рече, убеден е дека наскоро ќе може да создаде влада која ќе може да дејствува во интерес на Германија.
„Светот надвор нѐ чека нас и долготрајни преговори“, изјави Мерц, пренесува Гардијан.
Според првите излезни анкети објавени од германските медиуми, Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) на чело со Фридрих Мерц е во водство со 29 отсто од освоените гласови на вонредните парламентарни избори во Германија, додека на второ место, според прогнозите, е десничарската Алтернатива за Германија со 19,5 отсто, што бележи историски успех.
Социјалдемократската партија на поранешниот канцелар Олаф Шолц освои, според анкетите, 16 отсто од гласовите, што е нивен најлош резултат, пренесуваат германските медиуми.
Зелените освоија 13,5 отсто од гласовите, додека партијата Левица се најде на петтото место со 8,5 отсто.