Тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.
„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се под негово влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи“, рече Меџити.