Поранешниот руски претседател кажа дека Москва ја погодила својата цел и дека тоа ѝ била намерата и дека на сите им било очигледно дека немало планиран напад на конвојот на украинскиот лидер, пренесува Ројтерс.
Советник на претседателот на Украина кажа претходно денес дека не може да се исклучи дека цел на рускиот напад на Одеса бил конвојот на Зеленски и на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој беше во посета на Украина.
Тие двајца вршеле инспекција на магацините со жито во црноморскиот град кога руските сили извршиле напад на пристанишна инфраструктура, на што двајцата лидери биле сведоци, пренесува британската агенција.