Според него, изборите за ЕП ја разоткриле „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.
„Причекајте и видете што ќе се случува. Време е за пензија“, порача Медведев.
Well, well, respected by no one Macron and Scholtz, have you seen the EU parliament elections results? They come as a reflection of your inept policy of providing support to the bandera authorities in the f. Ukraine at the cost of your own citizens, your idiotic economic and…
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) June 10, 2024
Според првите прелиминарни резултати, во Германија конзервативниот сојуз ЦДУ-ЦСУ освои најголем број гласови на изборите за Европскиот парламент со освоени 29,5 отсто од гласовите, додека десничарската партија Алтернатива за Германија заврши на второто место со 16,5 отсто, што е за 5,5 отсто повеќе од 2019 година.
СПД на канцеларот Шолц го зазема третото место со 14 отсто, што е историски минимум за таа партија.
Што се однесува до Франција, политиката на претседателот Емануел Макрон претрпе крах, а тој тоа го призна со распуштање на собранието и распишување вонредни парламентарни избори.