понеделник, 21 октомври 2024

Медведев: Полска е во опасност од директен конфликт со Русија и Белорусија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев синоќа предупреди дека дејствијата на Полска може да доведат до директна конфронтација со Русија и Белорусија и „да започнат Трета светска војна“.

Објавено на

часот

Сподели

„Полското воено засилување и полското воено присуство во Украина може да предизвика директна конфронтација меѓу Варшава и Белорусија и Русија“, изјави Медведев за весникот „Руска газета“.

Во овој случај, како што предупреди, сојузничката група ќе даде соодветен одговор за да ги спречи заканите кои произлегуваат од „злите амбиции на полскиот естаблишмент“.

Според Медведев, „непромислените постапки на Полска, доколку нејзините сојузници во НАТО одеднаш ги поддржат, може да имаат далекусежно опасни последици за целиот свет“.

„И тогаш Полска ќе ја исполни улогата на „хиена“ на Европа која ја започна Третата светска војна“, истакна Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ