„Непријателот веќе подолго време ветува голема контраофанзива. И се чини дека веќе почнал нешто. Мора да го запреме непријателот и потоа да тргнеме во офанзива. Целта е целосно да се собори нацистичкиот режим во Киев“, напиша Медведев на својот канал на платформата за размена на пораки Телеграм.
Тој додаде дека руската војска има значителна предност во авијацијата и оклопните сили.
„Нашата војска има значителна предност во авијацијата, оклопните сили и високопрецизното оружје. И, се разбира, морална супериорност“, напиша тој.