Неговата понуда има седум точки, а Медведев наведува дека условите се „хумани за сите“.
„Ова би можела да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, зарем не?“, наведува Медведев. Неговите услови ги пренесуваме онака како што самиот тој ги формулира на социјалните мрежи:
- Украина мора да признае воен пораз. Неонацистичката банда мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за формирање паравоени сили на нејзина територија во иднина.
- Меѓународната заедница мора да го препознае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да се изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.
- ОН би требало да објават соопштение за губење на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да пристапи на воени сојузи без согласност на Русија.
- Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за формирање привремен парламент на самоуправната територија.
- Усвојување на закон за исплата на сите компензации на Русија, вклучувајќи исплати на роднините на загинатите и исплати на штетата предизвикана по здравјето на ранетите.
- Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на акти за повторно обединување со Русија.
. Самораспуштање на привремениот парламент. Признавање на чинот на повторното обединување од страна на ОН.
Ова е веројатно провокација на Медведев до властите во Киев, бидејќи сите наведени услови се дијаметрално спротивни од „украинскиот план за мир“ на кој Киев веќе подолго време инсистира.