четврток, 13 февруари 2025

Медиуми: Трамп планира да се сретне со Путин во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, пренесува Си-би-ес њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Русија ги гледа Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати како можни места за средбата на двајцата лидери.

Трамп и Путин вечерва разговарале телефонски за првпат од враќањето на американскиот лидер во Белата куќа.

„Путин и Трамп во телефонскиот разговор договорија да организираат личен состанок. Путин го покани Трамп во Москва. Рускиот претседател се сложи со Трамп дека долгорочно решение за Украина би можело да се постигне со преговори“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ