петок, 18 октомври 2024

Меџити одблиску ќе следи што се случува во болницата во Демир Хисар

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдуловска, мајка на 17-годишното момче кое според Абдуловска било несоодветно третирано во болницата во Демир Хисар.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, изразил жалење за ситуацијата и потенцирал дека нема да дозволи несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни лица.

„Иако добив уверувања од менаџментот на болницата дека е постапено по сите протоколи со цел безбедност на пациентот, случајот и работењето на болницата Демир Хисар ќе биде под строг надзор на министерството. Ги охрабрувам другите институции кои започнаа постапка да ја завршат за да се расчисти случајот до крај“, истакнал Меџити.

Најавил дека ќе се направат напори момчето да биде сместено во интернатот на училиштето за деца со посебни потреби „Партениј Зографски“ во Скопје.

Мајката на 17-годишното момче, како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, посочила дека семејството било вознемирено со објавувањето на лажни фотографии на кои било прикажано момче како седи на земја врзано за кревет.

„Министерот за здравство упатува апел до целата јавност сите да внимаваме кога споделуваме вакви чувствителни вести“, се вели во соопштението.ж

Во врска со овој случај реагираа и од Хелсиншкиот комитет, а Народниот правобранител најави дека ќе поведе постапка против болницата во Демир Хисар.

Претходно, мајката на 17 годишното момче во изјава за дел од медиумите се пожали дека нејзиниот син бил врзуван со синџири во Психијатриската болница во Демир Хисар и дека од тоа има рани на рацете и нозете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ