Килијан Мбапе ги одработува последните шест месеци од соработката со „светците“, па според правилата на ФИФА, од 1. јануари има одврзани раце да преговара со други клубови.
Реал Мадрид и понатаму се посочува како прв фаворит за неговиот потпис, Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата, а и ПСЖ не се откажува од намерата да го задржи напаѓачот.
По синоќешниот триумф над Тулуз во Суперкупот на Франција, Килијан Мбапе конечно проговори за својата иднина, но не разјасни ништо, само испрати енигматична порака.
„Не сум донел одлука, не сум направил избор. Но во секој случај, со договорот кој го направив летоска со претседателот (Ал Келаифи), без разлика каква ќе биде мојата одлука, сите страни се заштитени“ – вели Килијан Мбапе.
Минатото лето, ПСЖ го отстрани Килијан Мбапе од тимот како казна поради тоа што одби да го продолжи договорот. Подоцна двете страни се помирија, а тогаш се пишуваше дека фудбалерот се откажал од огромните бонуси (стотици милиони) кои му следувале.
„Кога ќе донесам одлука? Искрено не знам. Во 2022, чекав до мај бидејќи до тогаш не бев сигурен што да одберам. Доколку сега знаев каде ќе играм следната сезона, зарем мислите дека немаше да го соопштам тоа?“
„Во моментов најважен е клубот и да се освојуваат трофеи. Сакам само да помогнам, како што го сторив тоа денес“.