сабота, 19 октомври 2024

Маж повреден во престрелка во Атина по грабеж на банка

Објавено на

часот

Сподели

Според порталот Катимерини, денеска во претпладневните часови вработен во банка во Омонија го активирал аларм копчето за грабеж во тек.

Полицаец кој не бил на должност, заедно со управителот за обезбедување на банката, го следеле сторителот, кој со одземените пари излегол од банката и за тоа го известиле Центарот за Итна акција.

Според соопштението, веднаш пристигнале полициски службеници и патролно возило.

Сторителот, кај кого била пронајдена поголема сума пари, со остар предмет се обидел да повреди двајца полицајци, од кои едниот бранејќи се употребил службено оружје, при што осомничениот бил повреден и пренесен во медицинска установа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ