„Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал. Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар“, велат од Обвинителството.
Настанот е откриен на 4 февруари годинава кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција.