„Зеленски уби американски новинар“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс, мислејќи на Гонзало Лира. Лира беше чилеанско-американски публицист, филмски режисер, финансиски блогер, јутјубер и коментатор кој на 12 јануари 2024 умре во украински затвор. Киевскиот режим го обвинуваше за ширење руска пропаганда.
Zelensky killed an American journalist!
— Elon Musk (@elonmusk) February 19, 2025
Тој живееше во Харков кога руската војска влезе во Украина во февруари 2022 година. Тој стекна следбеници со објавувањето содржини критични кон украинската власт и Зеленски.
Украинската агенција за внатрешна безбедност (СБУ)) го уапси на 1 мај 2023, но потоа беше пуштен со кауција. Лира потоа објави видео во кое најави дека ќе се обиде да ја напушти земјата, па беше повторно уапсен поради наводно кршење на условите на кауцијата.
Украинскиот Центар за стратегиска комуникација и информациска безбедност (СПРАВДИ) го обвини Лира за „оправдување на руската агресија на Украина“, што претставува кршење на кривичниот закон на земјата.
СПРАВДИ тврдеше дека Лира го оправдувал рускиот напад лажно тврдејќи дека Украина ја предводи нацистички режим. Тие истакнуваа и дека Лира ги негирал „руските масакри над цивили во Буча и други градови“, кои не се независно потврдени.
Лира тврдеше дека е уапсен поради видеата кои ги објавуваше на Јутјуб. „Моето злосторство е снимање видеоснимки кои го критикуваат Западот и неговиот марионетски режим во Киев – и како тој ја уништува Украина“, кажа тој во една прилика. Се жалеше дека во затвор го мачеле други затвореници.
Тој почина на возраст од 55 години. Властите објавија дека причина за смртта е воспаление на белите дробови. Таткото на Лира ги обвини Зеленски и тогашниот американски претседател Џо Бајден за смртта на својот син. Руските функционери, вклучувајќи го министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, го повторуваат ова обвинување.