петок, 18 октомври 2024

Маск: Кина е заинтересирана за донесување меѓународни правила за вештачката интелигенција

Објавено на

часот

Сподели

Маск го објави ова на Твитер Спејс на настан со двајца американски конгресмени, демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер.

„Кина е дефинитивно заинтересирана за работa во кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција“, рече Маск.

Тој додаде дека се залагал за прописи и надзор на вештачката интелигенција, вклучително и на своите состаноци во Кина.

Пред неколку недели, Маск отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили Тесла има фабрика во Шангај, и се сретна со кинеските министри за надворешни работи, трговија и индустрија во Пекинг.

Тој се сретна и со потпретседателот на кинеската влада, Динг Ксуексианг. По состанокот со официјални лица за време на своето патување во Кина, Маск минатиот месец рече дека кинеската влада ќе се обиде да иницира регулативи за вештачка интелигенција во Кина.

Неколку влади размислуваат како да ги ублажат опасностите од новата технологија, која бележи бум во инвестициите и популарноста кај потрошувачите во последниве месеци по објавувањето на ЧетЏПТ на ОпенАИ.

Регулаторите ширум светот се обидуваат да изготват правила со кои се регулира употребата на генеративна вештачка интелигенција, која може да создава текст и слики, а чие влијание се споредува со влијанието на интернет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ